Грузија доживува економски бум поради 100.000 дојдени Руси


 

Додека војната во Украина ја задушува економијата во Европа, мала нација „заглавена“ под Русија доживува неочекуван економски бум.

Странските медиуми пишуваат дека Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои побегнаа таму по инвазијата на Москва на Украина и стравот од мобилизација.

Додека голем дел од светот се движи кон рецесија, оваа земја со 3,7 милиони жители што граничи со Црното Море се очекува да забележи раст на економското производство за 10 отсто во 2022 година поради огромниот пораст на потрошувачката, според меѓународните институции.

Така, скромната економија од 19 милијарди долари (16,7 милијарди фунти), позната во регионот по планините, шумите и винските долини, ќе ги надмине пазарите во развој како Виетнам и извозниците на нафта како Кувајт, пишува Скајњус.