Груевски на Фејсбук по апсењето: Стандардна процедура по барањето за екстрадиција


Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук откако утринава беше уапсен и спроведен на сослушување пред унгарскиот суд во врска со барањето за екстрадиција од македонската влада.

„Денеска е спроведена стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, напиша Груевски на Фејсбук кратко откако беше отфрлено македонското барање за екстрадиција.