Груби: Путин знае и каде е село Грушино


Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, ги најави изборите годинава како – избор за европска Македонија  или за Русија. Во тој стил тој зборуваше за руското мешање во нашата држава при што спомена дека  рускиот претседател зборувал за село Грушино во Македонија, а со цел да питтикне меѓуетнички тензии во државата. 

Според него, против нашето заедништво работел само еден фактор на поттикнување и еден центар за координација и инцпирација , т.е. Русија Притоа, тој оцени дека поттикнувала отпор во нашето општество против Охридскиот договор, против Преспанскиот договор и се правело се тој да не се потпише, вклучувајќи протести и напади пред домовите на пратеници. Според него, истиот центар  бил и против промените на Уставот и  против зачленувањето во НАТО, прашувајќи сакате ли уште? – по што ја наброја воената агресија на Украина.

-Безбедносната криза, ценовната криза и инфлацијата имаат едно име, а тоа е Русија, порача Груби во најжестокиот напад на еден македонски политичар досега за руската политика кон нашата држава. Според него и протестите против билатералниот договор со Бугарија биле поттикнати од руски елементи и екпоненти, а договорот за изградба на  Коридорот 8 доцнел една година поради вклучувањето на руска компанија во постапката, бидејќи коридорот 8 го урива монополот на Коридорот 10. 

-Има ли руско влијание во МПЦ. Одговорот го знаете самите. Има ли руско влијание во медиумите, во невладините организации ? Одговорот исто така го знаете, рече Груби оценувајќи дека руските елементи и експоненти прават се да им наштетат на прогресивните сили во државата и да го нарушат единството.  

Тоа е причината, како што рече Груби, што се трудат да го создадат европскиот фронт  и притоа ги жртвуваат своите кариери, а со цел Македонија да се изгради како држава „со тапија“  за идните генерации, со целиот ризик, како што рече, да бидат обвинувани како предавници. 

-Европскиот фронт има само еден пат, а за тој се залагаме сите ние во оваа сала. Тој зависи од тоа каква ја сакаме Северна Македонија – европска или руска? – порача Груби на конференцијата организирана од Владата насловена како „Година на можности“.