Гром усмрти едно лице во прилепско Мажучиште


Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, вчера попладне, во 17,39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с. Мажучиште, Општина Прилеп.

За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош за понатамошна постапка.

Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.

„На 23.04.2025 во 17.32 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано Кисела Вода во атар на с. Мажучиште, прилепско, бил пронајден починат А. Е.(34) од Прилеп. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп при што е констатирано дека смртта настанала како последица на удар од гром“, велат од МВР.