Грковска во Вашингтон се сретна со сенаторката Шахин


 

Преговорите на Македонија со ЕУ се од клучна важност и за нашата држава, но и за стабилноста и безбедноста во регионот. Ова го изјавила американската сенаторика Џин Шахин за време на средбата со вицепремиерката Славица Грковска во Вашингтон.  Шахин е претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се дискутирало за одлуките кои македонската влада ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Македонија го дава за земјите во регионот.

Грковска рекла дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД. На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста.