Грешка во ковид тестирањето во Шведска
Околу 3.700 луѓе во Шведска добиле неточен резултат дека се позитивни на корона вирус поради грешка во опремата за тестирање на Ковид-19, која стигнала од Кина.
Тоа го соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на таа земја.
Како што наведува агенцијата, опремата на компанијата „БГИ Геномикс“ не може да ја воочи разликата меѓу многу ниско ниво на заразеност со корона вирус и негативен резултат, пренесе Ројтерс.
„Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите кои се потребни за употреба на овој тест“, рече шефицата на Одделението за микробиологија за оваа агенција, Керин Тегмарк Висел.
Таа додаде дека истата опрема за тестирање е извезена во други земји, но не кажа никакви детали.
Шведска соопшти дека погрешните резултати во мала мерка влијаеле на статистиката во врска со бројот на заразени со корона вирус во таа земја.
Агенцијата денеска соопшти дека од избивањето на пандемијата, потврдени се 86.891 случаи со корона вирус, додека 5.814 починаа.