Грејс Џонс под ѕвездено небо – Скопје звучеше како светска метропола (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Скопје синоќа беше музички центар во регионот – повеќеилјадна публика од Македонија и од соседството ја имаа уникатната можност да ја видат и слушнат под ѕвездено небо светската музичка ѕвезда Грејс Џонс на стадионот на АРМ која и во седмата деценија изгледа и звучи спектакуларно. Вечерта се измешаа фудбалската и музичката еуфорија, и се чини главниот град не спиеше. 

Фото: Б. Грданоски

На концертот, 76- годишната Грејс Џонс, која ги побива стереотипите за жените на нејзина возраст, со уникатниот и андрогин имиџ и со раскошниот и моќен контраалт,  ги изведе најголемите хитови од речиси петдецениска кариера: Musical mastermind, ‘Amazing Grace’, ‘Timeless’, ‘Art aristocrat’, ‘True diva’, ‘Goddess of Rhythm’, ‘Pop culture icon’, ‘Fashion Icon’, ‘Vamp Woman’, Super Model и Movie Star“… Пред настапот во Загреб, пред три вечери, каде ја почести публиката со нумери од албумот во подготовка, тоа го направи и во Скопје, рече оваа песна е само за вас. 

Фото: Б. Грданоски

Грејс Џонс во Скопје дојде со целиот тим од 30 луѓе, во рамките на нејзината летна турнеја, како дел од фестивалот „ Скопје колинг“, во организација на „ Авалон продукција“, а публиката (не) беше изненадена што присуствува на концерт со толку висок квалитет – од свирење, светло и звук.  Џонс, исто така, беше расположена, уште на почетокот ги спомна вкусните школки со кои е послужена во бекстејџот, а рајдер листата до организаторот вклучуваше и вина и шампањ „Кристал“.

Фото: Б. Грданоски

Грејс Џонс ја започна пејачката кариера во 70-тите години на минатиот век. Од првиот албум- „ Портфолио“ во 1977, до последниот „ „Ураган“, во 2008, објави вкупно 10 носачи на звук, а повеќе нејзини хитови со недели беа на престижните светски топ листи. Од американската тв мрежа VH1 е поместена меѓу 100 жени на рокенролот, а списанието Билборд ја рангира меѓу 40 најголеми имиња на светската клупска сцена.

Џонс во Скопје останува три дена, потоа со летната турнеја продолжува во Лондон. 

Фото: Б. Грданоски

Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги забележа најинтересните моменти од концертот, беа дозволени за фотографирање само првите три песни. Погледнете ја галеријата. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски