Грција од 14 мај ги отвора границите за туристи, еве под кои услови
Грција најави дека ќе ги отвори границите за туристи, но влезот во земјата ќе биде под одредени услови. Оворањето на грчкиот туризам се очекува на 14 мај и според зборовите на министерот за туризам Харис Теохарис, Грција ќе може да ја гарантира безбедноста на сите свои гости. До тогаш, ограничувањата за патување постепено ќе бидат укинати, беше објавено на онлајн прес-конференција што ја одржа Музејот Акрополис, по повод Меѓународниот саем за туризам ITB, пренесува Блиц.
„Грција е подготвена со комплетен протокол за летото 2021 година. Туристите се добредојдени ако примиле вакцина, имаат антитела или негативен резултат од тестот. Сите туристи ќе бидат подложени на случајно тестирање”, рече Теокарис.
Тој додаде дека трошоците поврзани со третманот на коронавирусот нема да се наплатуваат за туристите, исто како и минатата година.
„Прописите за здравствена заштита, како што е задолжителна употреба на маската на јавни места, ќе важат за жителите на земјата и нејзините посетители“, истакна Теохарис.
Според грчката телевизија „Стар“, Грците почнуваат да ги олабавуваат строгите анти-епидемиолошки мерки, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени. Сепак, грчки експерти најавија дека очекуваат бројот на заразени да се намали во текот на следната недела и дека не очекуваат толку многу тешки случаи во болниците.
Првата релаксација на мерките започнува на 22 март, а потоа постепено се планира отворање до мај, кога беше објавено дека странските граѓани ќе можат да влезат во Грција на одмор.