Грчкото МНР се изнервира од изјавите на Мицкоски дека „го вратил името“
Грчкото Министерство за надворешни рабвоти реагираше денес на изјавите на премиерот христијан Мицкоски кој за внатрешнополитички цели тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ почнал да ја нарекува така земјата место Северна Македонија.
„Потсетуваме дека уставното име на соседната држава е ‘Северна Македонија’, како што е јасно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор, на кој таа е страна. Преспанскиот договор е дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво. Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот нема да биде прифатен од грчката страна.
Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и неговото почитување е основа на мирниот соживот на народите и државите. Во меѓународните договори нема фактички ситуации, нивната примена е униформна и универзална.
Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на нејзиниот сосед бараат строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“, стои во реакцијата на грчкото МНР.
Премиерот коментирајќи ги критиките од СДСМ дека не може да му се верува, меѓу другото, зашто ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а не го оствари, како аргумент дека не е така во интервју за Сител го посочи лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, кој, како што рече, постојано во јавните настапи користи Македонија.
„Ги гледам, аха не моежело на Мицкоски да му се верува, тој рече дека ќе го врати името, ќе го поништи (Преспанскиот) договор. Па, еве – го вративме. Па, дури и Венко, кому му беше устата полна со ‘северна’, сега користи Македонија“, рече Мицкоски.