Граѓаните на Рим излегоа на протест против сите светски лидери

Овој викенд во главниот град на Италија се одржува состанокот на светските лидери на најмоќните змеји во светот кои се собраа во организација на Г20. Во меѓувреме, додека шефовите на држави и влади разговараат за бројни проблеми, незадоволните граѓани на Рим се собраа на улиците.
Меѓу другите, протести на улиците на Рим најавија отпуштени работници од фабриките, климатски активисти, антиваксерски движења, припадници на антиглобалистичките движења, феминистки, но и следбеници на комунистичките идеи.
„Катастрофата пристигнува, време е за делување“, „Од Рим до Глазгов, вашите иницијативи се проблем“, се само некои од паролите кои може да се видат на улиците на Рим овој викенд.
„Ќе биде ралтивно мирен марш“, вели една од еколошките активистки од Италија.
Таа ги повика лидерите на Г20 итно да делуваат кога станува збор за климатските промени и социјланата правда.
„Ова е момент кога може да делуваме. Она што нема да го направиме сега, нема да може да го направиме во иднина“, вели таа.
На маршот на активистите им се придружија и работничките синдикати кои ја искористија приликата за да изразат незадоволство од ситуацијата во Италија, но и во целиот свет.
„Ова е протест против сите влади од Г20 кои претставуваат дел од оние кои доминираат во светот и ги експлоатираат работниците“, вели еден од синдикалните претставници.
Самит на Г20
Иако протести во текот на викендот најавија бројни организации вклучително и десничарските групи, претставници на полицијата соопштија дека се подготвени за организација на настанот.
Во текот на викендот во Рим одобрено е распоредување на дополнителни 5.500 полицајци ширум градот, кои треба да водат сметка за безбедноста.
„Нивото на внимание на овој настан е на максимум. Ситуацијата е комплицирана и загрижувачка, но држиме под контрола се“, соопштија од италијанската полиција.