Градоначалникот на Приштина ќе му го врачи клучот на градот на Ахмети
Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама ќе му го додели клучот на градот на Ахмети, објави косовскиот „Економија онлајн“.
Претходно извесен Исмет Сулејамни на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со Ахмети од кафуле, а под фотографијата напиша „Историско кафе со Али Ахмети“.
-Историско кафе со Али Ахмети во Приштина. Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети. Исмет Сулејмани, Приштина, 17 декември 2024 година!, напиша Сулејмани.
Посетата на Ахмети на Косово доаѓа откако викендов таму замина поранешниот вицепремиер и министер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби. Тој, според објави на повеќе медиуми веќе ангижрал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е објавен, а поврзано со проневера од над 8,2 милиони евра до Државна лотарија