Градежништвото главен двигател на ланскиот раст на БДП
Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3.8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025, пак, во однос на 2024 година е 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14.6 % и Стручни, научни и технички дејности, 8.1 % во Административни и помошни услужни дејности.
Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6.4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77.9 %.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5.0 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3.4 %.
Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3.5 %