ГП Евзони затворен за сообраќај поради штрајк на грчките цариници


Поради штрајк на грчките царински служби Граничниот премин „Евзони“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 5 часот, па до утре 5, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.

– Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН “Богородица“ е информиран од раководител на смена на ГП „Евзони“ дека поради 24-часовен штрајк на грчките царински служби, ГП „Евзони“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020  до 5 часот на 25.11.2020 година, се нагласува во соопштението од МВР.