Говорот на Трамп следен од 21,6 милиони Американци
САД – Околу 21,6 милиони Американци го следеа говорот на претседателот Доналд Трамп на завршната вечера на Националната конвенција на Републиканците пред Белата куќа, што е помалку од бројот на гледачи на говорот на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, покажуваат првичните резултати на рејтинг агенцијата Нилсен.
Како што јави Си-Ен-Ен, тој број може да биде поголем кога ќе се соберат сите податоци, вклучувајќи го и бројот на гледачи кои го слушале говорот преку Интернет.
Говорот на поранешниот потпретседател Џо Бајден на Националната конвенција на демократите, кога ја прифати претседателската номинација на партијата, го следеа 24,6 милиони Американци.
И двата конвенции се се одржаа речиси виртуелно како резултат на пандемијата на коронавирусот.
Нилсен потсетува дека говорот на Трамп кога тој ја прифати претседателската номинација на Републиканците во 2016 година го следеа 32,2 милиони гледачи.