„Говорот на пратеникот Стојаноски е непримерен“: Реакција на невладината Платформа за борба против корупција
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии.
Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и од Европската Унија, пратеникот Стојаноски изнесе лични ставови и информации против Платформата, велат од таму во испратеното соопштение. Платформата најостро реагира и бара Собранието да го осуди ваквото однесување на пратеникот.
Во Платформата членуваат 14 организации како постојани членки кои со својата работа се докажале како искусни и стручни во дејноста и биле вклучени во многу консултативни процеси кои имале за цел да се унапредат одредени системски прашања за борба против корупција кои биле во согласност со меѓународните барања и пракса.
Платформата го осудува овој обид да се наруши угледот на нејзините членки, кои исклучиво работат во корист на граѓаните, а тој е јавните институции да го штитат јавниот интерес, да ја спречат корупцијата и да испорачаат услуги во нивна корист.
Собранието пропушти можност да овозможи експертска консултации, што е спротивно на искажаните заложби за креирање политики со вклучување на сите капацитети со кои располага македонското општество. Оваа пракса не треба да продолжи и во иднина доколку сакаме да носиме закони во интерес на граѓаните, велат од Платформата.