Гостиварец украл гулаби
Во неделата во 14.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле слобода Ј.Џ.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека во саботата извршил „тешка кражба“, при што од А.Б(40) од Гостивар одзел гулаби.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.