Гостиварец фрлил мачка од шести кат, во домот му пронашле остатоци од угинати мачки


Поднесена е кривична пријава против 44-годишниот гостиварец Џ.Р. поради сомнеж за сторено кривично дело „мачење животни“.

На почетокот на ово месец односно на 03.07.2024, пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.