Гостивар со бесплатен интернет на јавни места

Општина Гостивар е една од општините избрани за спроведување на проектот за обезбедување бесплатен интернет на јавни простори, соопштуваат од општинската служба за информирање. Одлуката дојде по учеството на повик на WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која обезбедува бесплатен и брз интернет во јавните простори.
– Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет, се наведува во соопштението од информативната служба на општина Гостивар.
Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4 Digital Action, која е поддржана од Европската Унија и Германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а ја имплементира германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).