Гори кај селото Стровија во општина Долнени


Фото: Б. Грданоски

Пожарот кај селото Стровија во општина Долнени сеуште е активен, а под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна, соопшти денеска Центарот за управување со кризи. 

Според информациите на ЦУК, на територија на државата до 10 часот евидентирани се 10 пожари на отворен простор. Од нив, изгаснати се осум пожари.