Горештините продолжуваат. И денеска температури до 36 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.