„Горење“ на кинескиот пазар ќе се вика „Гу Луо Ни“
„Горење“ го зајакнува своето присуство на кинескиот пазар, каде што годинашнава прослава на 70-годишнината на компанијата се користи како можност за претставување на брендот и нејзините клучни предности за кинеските потрошувачи.
„Горење“ исто така се прилагодува со брендот за производите во премиум сегментот, дизајнирани под името „Гу Луо Ни“.
„Хисенсе Горење“ го прилагоди името на брендот на изговорот и разбирањето на кинеските потрошувачи, како што е вообичаено во Кина за странски брендови.
– Со желба да им го претставиме брендот на кинеските потрошувачи на нивниот јазик, го претставивме нивното фонетско толкување на името ‘Горење’, објави компанијата.
Позиционирањето на брендот „Горење“ на кинескиот пазар ќе биде поддржано од бројни активности со цел приближување на домашните апарати на „Горење“ до што повеќе кинески семејства. Една од тие активности беше настанот за одбележување на 70-годишнината на „Горење“, кој неодамна се одржа во Пекинг.