Големи протести во Ерменија, се бара оставка од премиерот
Повеќе од 15.000 луѓе во Ерменија излегоа на протести во саботата, на кои побараа оставка од премиерот Микола Пашињан.
Ова е најголем собир од минатомесечниот договор за прекин на огнот со Азербејџан.
На протестот имало и претставници на Ерменската црква, пренесе новинар на агенцијата ДПА од Ереван.
Пашињан, минатиот месец потпиша мировна спогодба со Азербејџан во која на тој регионален ривал мораше да му препушти големи делови од спорниот регион Нагорно Карабах, поради што противниците го нарекоа „предавник“.
Спогодбата потпишана со посредство на рускиот претседател Владимир Путин, стапи на сила на 10 ноември, а спроведувањето го надгледуваат 2.000 руски војници.