Големи поплави во Франција и Италија, тројца починаа, 30-тина исчезнаа


 

Три лица загинаа, а 16 во Франција и осум во Италија се сметаат за исчезнати, откако невреме проследено со бура ги погоди пограничните подрачја во овие две земји.

Невремето предизвика големи поплави кои ги оштетија улиците и куќите, соопштија властите.

Бирата која во текот на ноќта ја погоди југоситочна Франција и северна Италија предизвика големи поплави на двете страни од границата. Водата уништи мостови, блокираше патишта и изолира села.

Во Италија, загина пожарникар кој интервенирал во долината Аоста, пренесе Индекс.

Второт тело е најдено во провинцијата Варчели, недалеку од местото каде водата доцна синоќа однесла еден човек.

Вкупно 16 луѓе во Италија се сметаат за исчезнати, а цивилната заштита наведува дека сите, освен еден патник во автомобил, се исчезнати на планински премин.

Количината дожд што падна во текот на ноќта во италијанскиот регион Пиемонт не е забележана од 1958 година.

„Многу улици и стотина куќи се потполно или делумно уништени“, вели градоначалникот за францускиот ТВ канал БФМ.

Францускиот премир Жан Кастекс рече дека по обиколката на погодените подрачја бил шокиран од тоа што го видел и додаде дека стравува дека бројот на загинати може да биде поголем.

Според податоците со кои располагаат властите, на територијата ма Франција исчезнале најмалку осум луѓе. Меѓу нив и двајца пожарникари чие возило го однела надојдената река.

Засега се трага по еден италијански државјанин, а 21 лице, кои се сметаа за исчезнати се пронајдени и сите се на сигурно. Меѓу нив биле и германски планинари.

Надлежните во Пиемонт велат дека паднале 630 мм дожд, и бараат да се прогласи вонредна состојба, затоа што нивото на реката По нараснало за три метри за еден ден.

https://twitter.com/NewsKali/status/1312369513451618304?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1312369513451618304%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2020mm%3D10dd%3D03nav_category%3D78nav_id%3D1742127