Макрон свикува состанок на Г7 поради цените на енергијата. Стратешките резерви на маса


Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека земјите-членки на Г7 ќе се состанат во наредните недели за да ја зајакнат соработката и да обезбедат стабилно снабдување со енергија. Причината за состанокот е енергетската криза предизвикана од војната во Иран, пишува Ројтерс.

„Во наредните недели ќе одржиме состанок на Г7 посветен на енергетските прашања. Сакаме да ја зајакнеме соработката и да избегнеме непотребни тензии меѓу членовите и нашите клучни партнери. Исто така, ќе ја разгледаме можноста за ослободување на стратешките резерви на пазарот или укинување на ограничувањата, како што веќе направивме пред неколку месеци“, рече Макрон на прес-конференција.

Владата на Макрон истовремено се соочува со протести и јавен притисок поради високите цени на горивата. Затоа претседателот организираше состанок со лидерите на парламентарните партии, на кој беа дискутирани кризите на Блискиот Исток и Украина и нивното влијание врз пазарот на енергија.