Големи поплави во Багладеш: Загрозени 2 милиони, а загинаа 57 луѓе


 

Реките во Бангладеш се излеаја и предизвикаа најголеми поплави во последните 20 години, а загрозени се околу два милиони луѓе.

Според надлежните, досега загинале 57 луѓе.

Реката Барак се излеа поради приливот на вода од североистокот на Индија и поплави најмалку 100 села во Бангладеш.

„Околу два милиони луше се во водено окружување поради поплавите“, ече за АФП МОшараф Хосеин, главен администратор на регионот Силхет.

Многу делови на Бангладеш се склони кон поплави, а стручњаците велат дека ситуацијата е влоѓена поради климатските промени и дека екстремните катастрофи станаа се почести секаде во светот.

Секој дополнителен степен на глобално затоплување ја зголемува количината вода во атмосферата за околу 7 отсто, а неизбежна последите се обилни дождови.