Голема полициска акција во Скопје и други градови


Утрово се спроведува полициска акција во Скопје, Куманово и други локации низ држвата поради сомнение за злоупотреба на службена должност.

„Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност,“ објавија властите. Повеќе информации ќе има по завршување на акцијата.