Голем пожар во фабрика за отпад во Осиек, граѓаните предупредени (фото/видео)

Голем пожар беснее во фабрика за отпад во близина на хрватскиот град Осиек компанија, по што се огласиле сирените за предупредување.
„Не останувајте на отворено“, е пораката која преку мобилните телефони ја добиле граѓаните од околината .
Почарот избувнал на 40-тина минути по полноќ, во дворот на компанијата „Драва интернешнл“ во осиечката населба Бријест. Гори пластична маса и амбалажа, извести полицијата.
Околу 50 пожарникари го гаснат пожарот.
Ситуацијата се уште е крајно сериозна…
Густ чад од пожарот од Осиек се гледа од Винковци
Читател на Индекс, пратил слики: „Се гледа густ чад од пожар во Осиек до Винковци. Ви испраќам неколку свежи фотографии од далечина од 30 километри. Чадот се протега низ целиот хоризонт“.
Некои деца не одат на училиште
Децата од Чепин, Ивановац и некои други места не одат на училиште бидејќи ветерот носи чад и евентуално опасен воздух кон нив.
Децата од Осиек се уште одат на училиште, јави ХРТ.
Гасењето може да трае со денови
Точната причина за пожарот сѐ уште не е позната и ќе се утврдува со истрага, а пожарот избувнал подалеку од производствениот капацитет, на надворешното депонирање на пластика, изјави началникот на Цивилната заштита.
„Свесни сме дека со оглед на големината на пожарот, гаснењето може да потрае неколку дена“, додаде Драган Вулин.
На терен има голем број пожарникари
На терен се јавните противпожарни единици на Осиек и Бели Манастир, како и 21 доброволна противпожарна единица од областа Осиек и неговата околина. Најмалку 50 пожарникари се на терен.
Предупредуваат дека поради тоа што гори пластика, во воздухот може да има многу канцерогени материи.
„Ситуацијата е крајно сериозна, ова е пожар од невидени размери во областа Осиек. Дојавата дојде околу 40 минути по полноќ. Горат неколку илјади квадратни метри пластика складирана на отворено.
Пожарот зафатил и дел од зградата.
„Тоа беше исклучително сложена операција, имаше многу запаливи гасови и течности кои требаше да се преместат“, изјави Драган Вулин во емисијата Добро јутро, Хрватска.
Граѓаните добија порака со предупредување
„Почна да дува ветер носејќи чад кон југ, преку системот испративме порака луѓето што помалку време поминуваат на отворено, да не се проветруваат просториите, да се затвораат прозорцитее. Нешто полоша е состојбата во населените места во Антуновац и Ивановац, но се прават анализи, засега податоците не се алармантни. Секој може да оди на работа и децата да одат на училиште, но нека не се многу надвор. Гори пластиката, може да има многу канцерогени материи во воздухот, но ветерот во моментов дува јужно од Осиек“, додаде тој.