Голем пожар избувна во објект кај скопското Кале
Голем пожар избувна вечерва во близина на угостителскиот објект „Пивница“ на скопското Кале, каде што гори друг објект.

Противпожарните екипи се на терен, а причните за пожарот засега не се познати.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции.
Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот.