Голем осмомартовски базар „За таа што ти е сè“ во Скопје Сити мол
Во пресрет на Денот на жената, од денеска до 8 март на приземјето во Скопје Сити мол ќе се одржи голем осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“.
На настанот ќе учествуваат повеќе од дваесет домашни брендови и креативци, меѓу кои: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана Митовска, Small piece of joy, Epoxy handmade by clay, Елена Ристовска, MORPHO, Шарено ќоше, ByMimiCosmetics, Јулија Барбун, marcy_s_handmade, Џули Декупаж, ЈУНИК КОРНЕР, кожарска работилница Карло Хорват, Filigree LARGO, Botanikly, Филигран од срма Софија и Витрум Студио.
Посетителите ќе имаат можност да разгледаат и купат рачно изработен и модерен накит, плетени аксесоари од челик и кожа, креативни производи од срма, рачно насликана керамика, дрвени сетови, уникатни парчиња од стакло и керамика, накит од епоксидна смола и полимерна глина, како и современ сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника.
На базарот ќе бидат изложени и вегански козметички производи, цветни аранжмани, производи од свила, домашни колачи и чоколади, како и чанти, кожни аксесоари и декоративни органски сапуни. Организаторите истакнуваат дека ракотворците на оригинален и концептуален начин ги претставуваат своите приказни и инспирации.
Настанот има цел да обедини внимателно селектирани домашни уметници и брендови кои нудат автентични и рачно изработени производи како алтернатива за избор на подарок за 8 Март.
Како што наведуваат организаторите, „За таа што ти е се“ не е само продажен базар, туку платформа што го поддржува локалното творештво и занаетчиство, овозможувајќи директна средба со авторите, запознавање со процесот на создавање и избор на подарок со лична приказна и емоција.