Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Австрија– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот австрискиот диригент Франц Велсер-Мост. Франц Велсер-Мост ужива особено блиско и продуктивно уметничко партнерство со Виенската филхармонија. По 2011 и 2013 година, ова беше трет пат тој да диригира со престижниот настан на кој беа изведени многу премиерна дела од богатиот опус на браќата Штраус. 

Златната сала „Музикферајн“  беше украсена со 30 илјади цвеќина од Одделот за паркови и градина на Виена. 

Утринскиот Новогодишен концерт од Виенската филхармонија е навистина прекрасен настан за почеток на новата година, кој традиционално се одржува од 1939-та година и е нешто што ни го разубавува почетокот на новата година веќе долго време, барем откако се пренесува на телевизиите. Концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика и знаат да заплескаат на традиционалниот завршеток во ритамот на Маршот Радецки од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945 година а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.

Виенскиот новогодишен концерт се одржува во големата сала на Виенскиот Мусикфераин (Виенското музичко здружение), која е дом на Виенската филхармонија. Прекрасните балетски точки пак се изведуваат од Виенската државана опера и балет, а од 1980-та традиционално, цвеќињата за украсување на салата ги подаруваше градот Санремо од Италија, а сега веќе неколку години, од градините на Виена.

Интересот за овој настан е толку голем што билетите се добиваат по пат на извлекување.  Среќниците кои ќе бидат извлечени ќе треба да одвојат помеѓу 30 и 940 евра за еден билет за утринскиот новогодишен концерт.