Го фатиле како краде во куќа во Штип


 Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип вчера затоа што околу 15.10 часот на ул.„Сремска“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од куќа.

По целосно документирање на случајот, информираа денеска од МВР, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.