Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен, противникот се шегуваше на своја сметка


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со фантастична партија се пласираше во четвртфиналето на првиот Грен слем во сезоната на Австралија Опен.

Ѓоковиќ за нешто помалку од два часа го победи Французинот Адриен Манарино со 3:0 во сетови и се пласираше меѓу осумте најдобри.

Со тоа се израмни со Роџер Федерер по бројот на настапи во четвртфиналето на Грен слем, двајцата имаат по 58, но нема сомнеж дека српскиот тенисер наскоро ќе го престигне.

Инаку, Ѓоковиќ ги доби првите два сета без загубен гем, по што следеше смешна реакција на францускиот тенисер, инаку 20. носител на турнирот.
Со раце стави две нули над очите и се насмеа покажувајќи што мисли за неговата игра на овој меч против светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ во следната рунда ќе игра против Американецот Тејлор Фриц, кој во четири сета го нокаутира Стефанос Циципас од Грција.

Резултатите:

Новак Ѓоковиќ (1) (Србија) – Адриен Манарино (20) (Франција) 3:0 (6:0, 6:0, 6:3)

Тејлор Фриц (12) (САД) – Стефанос Циципас (7) (Грција) 3:1 (7:6 (3), 5:7, 6:3, 6:3)