Ѓоковиќ го задржа третото место на АТП листата
Шпанецот Карлос Алкараз останува прв
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа третото место на АТП листата објавена денес.
Ѓоковиќ е трет со 5.280 поени.
Шпанецот Карлос Алкараз, кој го зголеми водството по освојувањето на титулата во Доха и има 13.550 поени, останува прв. Италијанецот Јаник Синер, кој има 10.440 поени, го задржа второто место.
Имаше промени во првите 10, бидејќи Американецот Тејлор Фриц го презеде седмото место од Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасиме, кој падна на осмото место.
АТП листа:
1. Карлос Алкараз (Шпанија) 13.550
2. Јаник Синер (Италија) 10.400
3. Новак Ѓоковиќ (Србија) 5.280
4. Александар Зверев (Германија) 4.555
5. Лоренцо Мусети (Италија) 4.405
6. Алекс де Минор (Австралија) 4.235
7. Тејлор Фриц (САД) 4.220
8. Феликс Оже-Алиасиме (Канада) 4.080
9. Бен Шелтон (САД) 4.050
10. Александар Бублик (Казахстан) 3.405