Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел прв пат во Скопје – ќе настапи со НЏО на 1 октомври во НОБ


Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар.

Концертот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, во 20 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов.

„Њујорк тајмс“ за него пишува:
„Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. Непоколеблив истражувач кој зазеде единствено место во џез-светот со својата сложена и суптилна визија.“

Веќе три децении, Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот.

Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат со виртуозност и емоција. Фановите често велат дека Курт „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“.

Во рамки на концертот ќе бидат изведени авторски композиции на Курт Розенвинкел, аранжирани за биг-бенд оркестар.

Билетите за концертот може да се набават online на MKTickets и на продажните места на МКТикетс.