Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза


Денеска повторно се активирани низа рестриктивни мерки за борба против корона вирсуот во Јужна Кореа откако се појави жариште на зараза, што предизвика страв од нов бран епидемија.

Во земјата денеска е регистриран најголем пораст на новозаразени од корона вирус по речиси два месеци, со жариште во еден магацин на компанија за интернет-продажба во близина на Сеул.

„Одлучивме на две недели да ги зајакнеме мерките на карантин во градската зона, почнувајќи од утре па до 14 јуни“, најави јужнокорејскиот министер за здравство Парк Неуг-хо.

Тој рече дека следните две недели се од пресудно значење за спречување на ширењето на заразата во градската зона.

„Ќе мора да се вратиме на строго дистанцирање ако не успееме и ако во наредните седум дека по ред бидат регистрирани повеќе од 50 случаи дневно“, додаде тој.

Јужна Кореа имаше многу ефикасен одговор на пандемијата од корона вирус, а од 6 мај ги ублажи воведените мерки.

Музеите, парковите и уметничките галрии во следните две недели ќе се затворат, а компаниите повторно се повикани да работат од дома.

На граѓаните им е препорачано да избегнуваат собири и да не ги посетуваат кафулињата и рестораните.

Денесла регистрирани се нови 79 случаи, што е најголем број од 5 април, па вкупниот број заразени достигна 11.344.

Дури 69 од новозаразените се од споменатиот магацин.

Околу 4.100 вработени се во доброволна самоизолација, а 80 отсто од нив веќе се тестирани.

Јужна Кореа кон крајот на февруари беше најпогодена земја по Кина од пандемијата.