Германскиот шеф на дипломатијата идната недела во Скопје


Министерот за надворешни работи, Јохан Вадефул, во Дамаск (Фото: ДПА)

Германскиот шеф на дипломатијата , Јохан Вадефул, ќе ја посети Македонија идната недела. Според агендата, својата турнеја на Западен Балкан тој ќе ја започне на 16 ноември и притоа ќе ги посети Сараево, Подгорица, Тирана, Белград, Приштина и Скопје.

Токму во Македонија, на 18 ноември, министерот Вадефул го завршува своето патување, на кое ќе биде придружуван од пратеници на германскиот Бундестаг.

Посетата се надоврзува на средбата на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес и треба да потенцира дека земјите од Западен Балкан претставуваат приоритет во надворешната политика на Германија.