Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со тим од македонски бизнисмени денеска ќе биде домаќин на водечката германска Бизнис асоцијација фокусирана на економските односи помеѓу Германија и земјите од Источна Европа, Кавказ и Средна Азија, со 20 бизнисмени од секторите банкарство, енергетика, телекомуникации, транспорт.
Германската делегација ја предводи Кристоф Бек, член на Управниот одбор на Бизнис асоцијацијата и Јан-Аксел Вос, заменик-шеф на мисијата во амбасадата на СР Германија во државава.
– На средбата ќе се разговара за потенцијалите за соработката согласно активностите и целите на германската асоцијација насочени меѓу другото и кон поддршка на економски реформи и стабилност во земјите-партнери, лобирање за подобри економски и правни услови за бизнис, организирање на стручни конференции, бизнис форуми и сл, најави Стопанската комора.