Германија: Жените врвни менаџери заработуваат сè помалку, мажите менаџери се подобро платени
Резултатите од студијата за платите на членовите на одборите во Германија покажаа дека врвните менаџери заработуваат сè помалку, додека мажите добиваат повисоки плати.
Според истражувањето, платите на членовите на одборите во водечките германски компании се намалиле во 2024 година – но речиси исклучиво за жените членови на одборите, објавува „Билд“.
Просечната плата на жените во одборите на директори, без да се сметаат претседателите на одборите на директори, се намалила за 11 проценти во споредба со 2023 година на 2,15 милиони евра, според консултантската компанија EY, пренесе Танјуг.