Германија: Загина дете, маж го турнал под воз


Германската полиција соопшти дека загинало дете, откако, како што се сомневаат, маж го турнал на шините пред воз на главната железничка станица во Франкфурт.
Како што јавуваат германските медиуми, мажот ја турнал мајката и нејзиниот 8-годишен син, но мајката успеала да се задржи на платформата, а детето паднало под брзиот воз.
Полицијата наведе дека едно лице е уапсено и дека истрагата е во тек, пренесе АП.
Мажот на возраст од 40 години избегал од таму, но бил уапсен во близина на железничката станица. Според портпаролот на полицијата, тој не се знае со жртвите. Мајката е пренесена во болница, но нема информации за нејзината состојба.