Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат за Париз и Азурниот брег
Германија – Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Париз и францускиот Азурен брег, поради ширењето на коронавирусот во овие области, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Министерството предупреди без некоја особено важна причина да не се патува за регионот Ил де Франс, во кој се наоѓа Париз, или на југот, во регионот на Прованса-Алпи-Азурен брег, што ги вклучува градовите Марсеј и Ница.
Германија во саботата го регистрираше најголемиот број новозаразени со коронавирус од април, а властите соопштија дека дел од случаите биле откриени кај германските туристи кои се враќале од странство.