Германците ги пуштија децата во училиште и настана „експлозија“


 

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.576 нови случаи со корона вирус, што е повеќе од претходниот ден.

Ден порано, како што беше објавени, регистрирани се 1.278 новозаболени, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Во саботата во Германија прв пат од април беа регистрирани повеќе од 2.000 нови случаи за еден ден, пишува „Дер шпигел“. Другите медиуми порастот на заболени го поврзаа со враќањето на децата во училиште.

Досега во Германија починаа 9.280 заболени, а оздравеа 210.600 луѓе.