Герила акција на „Стоп за Усје“ пред Министерството за животна средина – Хоџа вети јавна расправа


Фото: Радио МОФ

Со герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање, иницијативата „Стоп за Усје“ упати порака до надлежните дека следат се што се случува во врска со издавањето нова А-интегрирана еколошка дозвола за Усје.

„Не нѐ убива „магла“ туку вашата алчност“ беше еден од транспарентите на оние кои учествуваа на герила акцијата денеска пред зградата на МЖСПП, а на другите транспраенти беа испушани членови од законот и сутавот, кои ја таргетираат оваа материја. 

Седнати на столчиња на улицата пред министерството, оставија три празни за министерот, заменичката и одговорната за доделување дозволи.

Таму беше подигната и макета на фабриката со два високи оџаци.

Од „Стоп за Усје“ велат дека внимателно го следат процесот и одлуките поврзани со работата на фабриката и додаваат дека станува збор за „одлука што директно ќе влијае на воздухот што го дишеме“.

Оваа А-интегрирана еколошка дозвола, која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе важи во наредните седум години, а со не асе одредува под кои услови смее да работи фабриката.

 
Министерот Хоџа ќе организира јавна расправа за дозволата за УСЈЕ
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и останува посветен на јакнење на транспарентноста и отвореноста на институцијата.

Во таа насока, како што веќе беше најавено пред медиумите, Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност. Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки.

Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. А токму преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните, велат од министерството.