Генералниот директор на Њујорк тајмс заминува од весникот со пакет на акции од 40 милиони долари
Пакетот акции во сопственост на генералниот директор на американскиот весник Њујорк тајмс, Марк Томпсон, кој треба да замине од функција во септември, чини 37 милиони долари.
Сумата на уделот на Томпсон во весникот изданието ја пресмета повикувајќи се на годишниот книговодствен извештај на Њујорк тајмс. Според тие податоци, тој поседува 788 илјади акции, при што на тргувањата на берзите во петокот една акција на весникот чинела 46 долари.
Покрај тоа, се наведува дека платата на Томпсон лани била 6.1 милион долари, во дополнение на негарантирани бонуси и други исплати во вредност од 3 милиони долари, сума кој може нема да ја добие во целост.
Заминувањето на генералниот директор на Њујорк тајмс беше објавено кон крајот на јули. На негово место доаѓа Мередит Копин Левин, која досега била на функциите раководител на одделот за маркетинг, директор за профит и извршен директор.
Томпсон дојде на чело на Њујорк тајмс во 2012 година, а пред тоа беше генерален директор на Би Би Си.
Под негово раководство весникот помина успешна транзиција од печатен во електронски медиум. Ова се потврдува од фактот што во второто тримесечје приходите од претплатата на онлајн верзијата на весникот и од дигиталната реклама првпат се поголеми од приходоте од печатената верзија, или 185.5 милиони долари наспроти 175,4 милиои долари.
Њујорк тајмс моментално има 6,5 милиони претплатници, од кои 5.7 милиони се онлајн претплатници. За време на директорувањето на Томпсон акциите на весникот пораснаа од осум на 46 долари.