Гаши на средба со заменик помошникот секретар во Стејт Департментот
За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм
Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за
европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД.
На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји,
изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на
правото, борбата против корупцијата и посветеноста на меѓународниот мир и
стабилност.
Соговорниците разменилe мислења за актуелните геополитички настани,безбедносните предизвици и конструктивната улога на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во Западен Балкан. Претседателот Гаши информирал за континуираните напори за полноправна интеграција во Европската унија и изразл благодарност за континуираната поддршка на САД во процесот на реформите.