Гаши, Меџити и Касами имале средба во Стејт Департментот, не кажуваат со кого

Лидерите на „Европскиот сојуз за промени“, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, како и советникот на премиерот Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, соопштија дека денеска за време на престојот во САД имале „важна средба“ во американскиот Стејт департмент. Со кого била средбата не стои во соопштемието, ниту пак има фотографија од неа.
Сепак, тие тврдат дека на оваа средба било истакнато дека коалицијата ЕСП е на иста линија со интересот на САД во регионот на Западен Балкан.
„Во оваа прилика, лидерите на албанската опозиција ги информираа домаќините за политичките актуелности во РСМ, како и за конструктивната улога на коалицијата ‘Европски сојуз за промени’ за демократизација на земјата и нејзина интеграција во ЕУ. Поддршката на САД за Северна Македонија ја зајакнува нашата благородна мисија за борба против корупцијата и членството на земјата во ЕУ“, порачаа тие во соопштението.