Гаши: Алтернатива стои 100 проценти зад евроинтеграцијата


Претседателот на Алтерватива, Африм Гаши, пред почетокот на лидерската средба во Собранието истакна дека доаѓа да ја искаже целосната поддршка на неговата партија кон евроинтеграцискиот процес.

– Јас доаѓам денеска да ја искажам целосната поддршка на Алтерантива за евроинтеграцискиот процес. Нормално ќе разговарам и за нашиот предлог амандман за кој веќе знае јавноста. Но, нормално како што кажавме и при нашето појавување пред јавноста ќе сакаме преку консензуално дејствување сите партии да се договориме во однос на тоа. Но, да видиме. Премиерот ја свикал седницата. Јас не сум запознаен што точно ќе се разговара. Само битно да знаете дека Алтернатива стои сто проценти во овој процес евроинтеграциски. Направи се да даде поддршка да што побргу ги отвориме поглавјата, рече Гаши.

Тој потенцира дека Алтернатива не е партија која условува, туку напротив, како што рече, сакаат да воведат принцип.

– Не, во никој случај. Ни сега, ни никогаш. Алтернатива не е пратија која условува. Напротив сакаме да воведеме принцип и тој начин на условување веќе да заврши како начин на политичко комуницирање помеѓу нас. Ние треба да разговараме врз база на аргументи и тоа што е општо добро за граѓаните, а не со условување, рече тој.