Ганиу истури ѓубре пред Град Скопје – Арсовска му порача да ги врати парите за дивоградбите на луѓето

Доцна синоќа, граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде симболично го исфрлија ѓубрето кое претходно го собраа од улиците на Старата Чаршија.
Акцијата претставуваше протест против, како што велат, негрижата на градските власти и блокадата со која се соочува општината во делот на одржување на јавната чистота.
Излезе и градоначалничката Данела Арсова, која неколкупати повтори дека Ганиу заминал по само три минути и не ја опчекал нејзе за да се разберат.
„Вечерва си ковал план лопову криминален да собираш пак ѓубре и да правиш герила да го истураш пред град Скопје.
Јас пак ќе ги упатам да се соберат сите илјадници луѓе што сте им зимале пари за небезбедни станови во дивоградби кои никогаш нема да можат да ги легализираат и да ти дојдат пред општина Чаир да си ги бараат парите да им ги вратиш.
Само да те потсетам, те чекав во Чаир ако си маж да дојдеш, не собра храброст. Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите. Никој не ти се плаши, заедно со ѓубрето што планираш да го носиш ќе те исчистиме и тебе!“, му напиша Арсовска на Фејсбукл но тој не ја почека.