(Галерија) Се вежбаше спасување од земјотрес – објектите од културата немаат дури ни сандачиња за брза помош


Симултаната показна вежба - евакуација на вработените по земјотрес (Фото: Б. Грданоски)

Поголемиот број од установите од културата не се приспособени за појави како земјотрес. Установите не располагаат со видео надзор, систем за автоматско гасње на пожар, противпожарни апарати, сандачиња за брза помош, ниту пак шеми за евакуација и знаци за насочување кон излез од објектот.

Ова беше истакнато на денешниот Форум во Музејот на Град Скопје организиран од Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ во соработка со ЈУ Музеј на Град Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Сеизмолошка опсерваторија Скопје и Црвен крст на Град Скопје.

Со овој настан се акцентира значењето од потребата за континуирани теоретски и практични подготовки на вработените од музејската заштитна дејност, со цел соодветна реакција и минимализирање на негативните последици кои можат да бидат предизвикани од природна непогода земјотрес, врз човековиот фактор и културното наследство.

На настанот посебен фокус беше ставен и на подготвеноста на установите од културата да се справат со последиците од земјотресите.

-Голем дел од објектите од културата не поседуваат ни видео надзор, ниту програмска инсталација, немаат и дојава на пожар, централа за упад, кражби, немаат системи за автоматско гасење на пожари немаат доволен број на противпожарни апарати, немаат дури ни сандачиња за брза помош, а да не зборуваме за опрема како шлемови, пили, копачи, голем број од установите не располагаат со тоа. Установите не располагаат ниту со технички средства и би требало во најскоро време преку Министерството тоа да се наабви со цел во дадена ситуација да помогне при спасување на вработените и посетителите, посочи Митко Богдановски, од Македонскиот национален комитет на Синиот штит.

Додаде дека има и објекти кои се поподготвени, но дека сепак се јавуваат ситуации во кои ходниците, премните, скалите, помошните излези се затрупани со предмети, нема шеми за евакуација, знаци за насочување кон излез.

-Во ваквии услови и во дадена ситуација вработнеите ќе не знаат како да излезат. Сите тие работи укажуваат дека треба големо внимание да се посвети внимание на оваа проблематика, бидејќи мислиме дека нема ништо да се случи, а кога ќе се случи е што тогаш, оцени Богдановски.

Присутните оценија дека особено внимание треба да се обрне и на поставеноста на предметите во објектите од културата.

Во рамки на форумот беше организирана и симултаната показната вежба во која се демонстрира: начинот на евакуација на вработените, пребарување на затрупани лица во случај на земјотрес и укажување на прва помош, од страна на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, Сеизмолошката опсерваторија Скопје и Црвен крст на град Скопје.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура.