(Галерија) Комеморација за четиригодишнината од почетокот на руската воена инвазија на Украина
Денеска во Скопја, во организација на Амбасадата на Украина во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ се одржа комеморација посветена на четиригодишнината од почетокот на руската воена инвазија на Украина.


Во присуство на Украинци кои престојуваат во нашата земја, дипломати, воени аташеа, политичари и тн, комеморацијата почна со интонирање на украинската и македонската химна, а со минута молк беше одадена почит на жртвите на агресијата.


„Пред четири години, Русија ја започна својата целосна војна против Украина. Руската агресија засекогаш ги промени животите на Украинците. Донесе болка каква што никогаш не требало да постои. Сепак, Украинците продолжуваат да живеат, да создаваат, да учат, да работат и да ја бранат својата земја“, посочуваат од Амбасадата на Украина во Скопје.


На комеморацијата се обрати и амбасодорката Лариса Дир, која меѓу другото, рече дека на 24 февруари се навршуваат четири години од почетокот на целосната инвазија и 12 години од отпор кон руската агресија. „Украина опстана, ја зачува Независноста и му докажа на светот: Украина се бори“.

Во рамки на комеморацијата се одржа и црковна литургија.
(Фото: Борис Грданоски)