Фронтален напад на Маск и Рубио врз полскиот министер Сикорски
Маск го нарече Сикорски „мал човек“, а Рубио сугерираше дека тој е неблагодарен и дека „измислува работи“

Трансатлантските односи штотуку достигнаа уште една ниска точка. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски се осмели да го исправи тврдењето на Илон Маск дека неговиот сателитски интернет систем Старлинк е „’рбетот“ на украинската армија, посочувајќи дека Полска плаќа 50 милиони евра годишно за да ѝ обезбеди Старлинк на Украина.
Тоа го натера американскиот државен секретар Марко Рубио да го обвини Сикорски (чија земја е веројатно најцврстиот сојузник на Вашингтон во целата ЕУ) дека „само измислува работи“. Потоа Маск се вклучи, велејќи му на Сикорски да „биди тивок, мал човек“ – сето тоа, нормално, пред јавноста на Икс. Рубио сугерираше дека е Сикорски е неблагодарен затоа што кажа дека на Украина можеби ѝ треба алтернатива на сателитската услуга Старлинк на Илон Маск, доколку таа стане несигурна.
Некои забележаа дека Рубио и Маск, наводно, се судриле во салата на кабинетот, според „Њујорк тајмс“. Акцијата на Икс изгледаше многу како обид да се задуши секој разговор за внатрешните борби во кабинетот на Трамп.
Сикорски одговори на твитот на Рубио со еден негов. „Ти благодариме, Марко, што потврди дека храбрите војници на Украина можат да сметаат на виталната интернет услуга што ја обезбедуваат заеднички САД и Полска. Заедно, Европа и Соединетите Држави можат да ѝ помогнат на Украина да постигне праведен мир“, напиша тој.
Реакциите во Европа беа бесни, при што поддржувачите на Сикорски објавија слики од Радослав како млад облечен во армиска опрема од деновите кога работеше како воен дописник во Авганистан во 1980-тите, прашувајќи: „Дали ова изгледа како мал човек?“
Радослав Сикорски беше еден од првите странски дипломати кои беа во посета на Стејт департментот откако Марко Рубио стана државен секретар.
По оваа жестока размена полскиот премиер Доналд Туск, полскиот премиер, ги повика „пријателите“ да ги почитуваат своите сојузници и да не бидат арогантни во објавата на Икс во која никого не спомна по име.
„Вистинското лидерство значи почит кон партнерите и сојузниците. Дури и за помалите и послабите“, напиша Туск на англиски на Икс. „Никогаш ароганција. Драги пријатели, размислете за тоа“.